Петар Печков
Објавено: четврток, 01 март 2012
Вчера попладне околу 17 часот на улицата Ѓорѓи Димитров во Велес извршено разбојништво над лицето Б.Ц. (77) од Велес од непознато лице кое ја пресретнало оштетената и ја нападнало. Откако ја прашало каде живее лице по име Зоран потоа со употреба на сила со една рака ја фати за левото уво и и ја откинал златната обетка, а од левиот џеб од нејзиното палто одзел една банкнота од 1.000 денари по што побегнал со такси.
Постапувајќи по пријавата велешката полиција во 21 часот истиот ден сторителот го пронашла и привела. Извршено е препознавање од страна на старицата која го идентификувала. Станува збор за Сефа Д. ( 32 год) од Велес против кого е поднесена кривичната пријава за “разбојништво“ и е изведен пред истражен судија.
СВР Велес во моментов работи на целосно документирање и на други, вкупно 20, кривични дела – “тешка кражба“ и “кражба“ за кои постојат основи за сомнение дека приведениот Сефо .Д. ги сторил во изминативе три месеца на подрачјето на Велес. На осомничениот му се изрекувани и затворски казни.
Tweet |