Петар Печков
Објавено: вторник, 16 јули 2024
Вчеравечер, понеделник, непознати сторители нападнале жена која управувала автомобил, и го одзеле заедно со чантата и парите. Деталите од информацијата на СВР Велес.
„На 15 јули околу 22.15 часот во СВР Велес, В.В.(49 год ) од Сојузна Република Германија, со привремен престој во велешко, пријавила дека на регионалниот пат Велес – Нежилово, пред нејзината викенд куќа во близина на село Богомила, општина Чашка, две лица физички ја нападнале и ѝ го одзеле нејзиното возило „опел астра“ со германски национални ознаки и чанта со пари и лични документи и предмети“ – соопшти Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.
Полицијата извршила увид се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.
Tweet |