речник контакт

Разочарувачки, иако со играч повеќе, ФК Борец загуби од фенерџијата во Тетово

ФК Ренова- ФК Борец 1:0 (0:0)

Петар Печков

Градски стадион во Тетово

Главен судија: Александар Ставрев -Скопје

Стрелец: Селмани 91‘ (ФК Р)

картони: жолт -Рамадани, Стојчевски, Шефити (ФК Ренова); Стојчевски, Прелчец, Ристески, Радовиќ (ФК Борец);  црвен - Стојчевски (ФК Р)

ФК Ренова: Велии, Шала , Гавазај, Садики, Селмани, Шефити, Рамадани , Мишковски, Велија , Мухарем , Абдула играа и:  Јашароски , Велиу, Стојчевски, Фетаи

ФК Борец: Мустафа, Ристовски, Стоименовски, Стојчевски, Коцев , Прелчец, Силва , Ристовски, Ефтимов, Ристески, Радовиќ  во игра влегоа и: Десниќ, Трајков, Пеев, Станковски

Натпреварот од 13-тото   коло, ги покажа сите слабости во играта на ФК Борец, загубија од екипата на ФК Ренова во Тетово, која го делеше последното место на табелата со само осум бода со струмичка Беласица. 

Слаб натпревар без содржина а велешани играа 30 минути со играч повеќе, но ниту тоа  не беше можност за победа над домаќините, кои во 12 натпревари имаа само една победа. 

Голот за ФК Ренова го постигна  во 91-та минута, откако домашната одбрана го „преспа нападот“ на „гипсарите“  со не енергична интервенција.   Дотогаш само два удари во рамките на голот, Прелчец во 41-ва по средина  на домашниот гол, и домаќините  пречка во 53-та минута. Се останато без игра и здодевно.

По ова коло велешани се петти, колку што има и скопски Вардар. Во следното коло, веќе в среда на Градски во Велес гостува екипата на ФК Струга ТЛ која е четврта со бод повеќе. Тоа е натпревар кој доаѓа по двата последователни порази за велешани. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »