Петар Печков
Објавено: среда, 02 мај 2018
Со победата над фаворитот РК Радовиш, дома во салата Гемиџии, екипата на ГРК Борец прокнижи три бода и безмалку го обезбеди опсатнокот во Супер лигата.
Во 12-тото коло во разигрувањето за опстанок велешани славеа тесно со еден гол предност 37:36 (17:18). Во првото полувреме во два наврати гостите имаа предност и од четири гола 6:10 и 10:14 а на одмор заминаа со еден позитива. Почетокот на вторите 30 минути ракометарите на Борец поведуваат и се до 50 минута екипите се наизменично во водство.
Тогаш домаќинот прави предност од плус три 30:27 но радовишани израмнуваат и до крајот се игра гол за гол за да во финишот Антонио Јаневски постигне гол за радост, победа и три бода. Најефикасен на натпреварот беше велешанецот Ивица Илиев кој игра за РК Радовиш со 11 гола, додека кај ГРК Борец Филип Николов имаше 8, Ивица Лазаревски 7 а Кире Мачавелов 6.
За илустрација екипата на РК Радовиш е прва во оваа мини лига од пет екипи со 29 бода додека останати четири се со мала бодовна разлика. ГРК Борец има 15 и е втори, пред Металург 2 со 14 и Вардар Јуниор со 14 и Прилеп со 10. Тие ќе водат битка за избегнување на последното место и играњето на бараж за опстанок. Во следното коло викендот ГРК Борец игра во Скопја со Вардар Јуниор.
Се одигра и 22-то коло на Третата фудбалска лгиа Центар. Велешките екипи заабележаа две победи и еден пораз. ФК Превалец дома го победи 11-тиот тим на табелата ФК Напредок од прилепско Крушеане со 1:0. ФК Бабуна на Градски го декласира тимот на ФК Марена 8:1, која е осма. Првопласираниот ФК Партизан го победи со 6:0 последнопласираниот ФК Илинден од Башино село.
По ова коло ФК Бабуна е 3-та а ФК Превалец четврти со 43 односно 42 бода. Илинде БС е последен со само осум бода. Во следното 23 коло во дербито ФК Превалец го пречекува лидерот ФК Партизан од Обршани, ФК Бабуна гостува на претпоследниоот ФК Габер во Ваташа а во дербито на дното Слога во прилепско Лажани која е 12 го пречекува ФК Илинден БС.
Tweet |