Петар Печков
Објавено: понеделник, 24 март 2008
Натпреварот помеѓу Македонија и Србија е прекинат во 52 мин 59 сек откако селекторот на гостите ја повлече неговата селекција.
Јовица Цветковиќ, одлучи мечот против Македонија да не го доигра, кој беше дел од Балканското првенство, поради незадоволство од судиските одлуки и да ги повлече своите ракометари при водство на избраниците на Илија Темелковски од 27:23.
На ваков неспортски потег поранешниот голем ракометар Цветковиќ, кој одреден период од својата тренерска кариера мина и во Македонија, се одлучи не можејќи ферски да го понесе товарот на поразот. Тој се пожали на судењето на двојката Николовски Колевски, но и можноста средбата да продолжи во неспротски дух, со гужви, повреди и можени инциденти, на како што рече „браќата“.
Критичниот момент беше по неспортскиот потег на српскиот репрезентативец Никола Којкиќ кој го удри во лице македонскиот репрезентативец Филип Миркуловски, за што гостинот доби исклучување од две минути. По ова Цветковиќ ја повлече репрезентацијата, што беше проследено со свирежи од три илјадната публика во салата 25 мај.
Натпреварот во Велес започна во одлична атмосфера, во полната сала „25 мај“, а Србија по првите 30 минути отиде на одмор со предност од 16:14. Во вториот дел македонските ракометари пружија одлична партија и успеаа да ја надокнадат негативата и да стигнат до водство, што можеби беше и клучното за селетокот на Србија, Цветковиќ да се одлучи на ваков неспортски потег, кој најмалку одговара на напорите на Ракометната федерација на Македонија да го обнови Балканското првенство.
Кире Лазаров со 9 гола беше најефикасен до 53-та минута, а Стојановиќ со 7 гола имаше највпечатлива игра во српската селекција. Македонија до овој момент имаше 2 минути исклучувања а гостите 12 минути, додека реализацијата на ударите од 7 метри беше 3 од 4 за Македонија и 1 од 1 за Србија. Гостинскиот голман Почуча имаше 14 одбрани а Ристовски кај домаќините 10.
Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров и се заблагодари на велешката публика за атмосферата што ја создаде, додека српскиот селектор и се извини што морал да го прекине натпреварот. Ова беше изјавено на прес конференцијата по средбата. Тој е регистриран со службен резултат 10:0 за Македонија.
Од РФМ најавија дека по организацијата на овој натпревар, Велес е најсериозен кандидат во јуни да биде домаќин на квалификационата средба за СП со селекцијата на Исланд. Во вторник нова шанса за велешани да гледаат врвен ракомет. Во 17,45 во салата 25 мај играа женските селекции на Македонија и Хрватска.

Tweet |