речник контакт

Распишан конкурсот за наградата „Рациново признание“ за 2026 година

Право на учество на конкурсот имаат сите издавачи и автори кои во периодот од јуни 2025 до април 2026 година објавиле прозни дела на македонски автори

Петар Печков

Распишан е конкурсот за наградата „Рациново признание“ која  се доделува за прозни, литературни остварувања, на автори од Република Северна Македонија, објавени во периодот меѓу две манифестации „Рацинови средби“.

Право на учество на конкурсот имаат сите издавачи и автори кои во периодот од јуни 2025 до април 2026 година објавиле прозни дела на македонски автори.

Конкурсот го распиша Општина Велес, која последните две години е организатор на манифестацијата „Рацинови средби“.

Конкурсот е  отворен до 15-ти мај 2026 година.

Минатогодишен добитник е делото „Три Марии“ на Оливера Ќорвезироска. Таа со ова дело подоцна ги доби сите најзначајни награди во земјава, меѓу нив и за Роман на годината и наградата „Стале Попов“ што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија за најдобро прозно дело.

АНКЕТА »

Дали сте за враќање на платениот паркинг во Велес, за надминување на проблемот со паркирањето?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »