Петар Печков
Објавено: петок, 05 јуни 2015
Седум семејства од рураните средини, седум семејства до деца со пречки во развојот и една старица од Велес ја добија помошта, која Општинскиот Црвен крст ја набави од средствата собрани во Неделата на солидарноста. Клубот на млади од Општинската организација на Црвен крст од Велес ги посетија селата Чашка, Дреново, Долно Јаболчиште и Горно Јаболчиште и доделија хуманитарна помош во прехранбени производи, зејтин, брашно, грав, ориз, сол, шеќер, супи, макарони, на седум семејства. Претходно биле помогнати и други седум семејства со деца со пречки во развојот, инфомрираа од Општинскиот Црвен крст.
Со истата цел, со средства исто така собрани од Неделата на солидарноста, волонтерите на Општинската организација на Црвен Крст Велес ја посетија бабата Милка Климкарова. Со собраните средста биле набавени прехрамбени производи, масло за готвење, сол, шеќер, грав, ориз, супи, макарони и врачени на баба Милка која е на возраст од 88 години
Бабата беше изненадена од посетата и љубезно ја раскажа тешката состојба во која се наоѓа.Таа живее во трошна куќичка со тешки услови за живеење,разговарајќи со Милка сфативме колку допринесуваме за нејзината среќа. Таа кажа дека иако зема храна од градинката, тоа не е доволно ,бидејќи треба и дополнително да се храни. Ова не е прв пат да се помага на Климкарова, Црвениот крст секогаш помага на најранливата категорија на население во рамките на своите можности - изјавија од велешкиoт Црвен крст.
Tweet |