речник контакт

Расчистен е одронот пред наплатна станица Сопот (видео)

Одронот се случи синоќа, среда, околу 20,40 ч.

Петар Печков

Расчистен е одронот на автопатот Скопје – Велес, кој беше неколку километри пред платната станица Сопот.  Одронот се случи околу 20,40ч. кога повеќе камени блокови паднаа на коловозот. 

Екипите на ЈП Македонија пат го расчистувале одронот кој бил во должина од 80 метри а сообраќајот на овој дел се одвивал по една коловозна лента со асистенција на полицијата. 

Утрово АМСМ информираше дека коловозот е расчистен и сообраќајот се одвива тековно.

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »