Петар Печков
Објавено: среда, 15 јануари 2025
Членот на Советот на Општина Велeс, Mарјaн Николов, побара ова тело да ја започне постапката за манифестацијата „Рацинови средби“, но и „Детските Рацинови средби“, да станат национални установи. Ова негова иницијатива смета дека е долг кон делото на поетот Коста Солев Рацин.
„Потребно е овие две манифестации да станат институции од национален карактер. Затоа е треба Советот да ја покрене иницијативата. Манифестациите кои низ годините го славеа Рацин, заслужуваат да се подигнат на национално ниво. Да ја почнеме со време постапката, за да следните две манифестиции и Рациновите средби и Детските Рацинови средби, бидат организирани од установа која ќе биде национална“ – кажа Николов, на седница на Советот.
Рациновите средби и Детските Рацинови средби се организирани од Општина Велес, која преку пренесување на надлежноста на јавен повик, ги доделува на граѓански здруженија. Се финансираат од средства од општинскиот Буџет и со средства кои се доделуваа од годишните програми на Министерството за култура а се скромни.
Пред крајот на минатата година, здружението „Плус публика“ како организатор на Рациновите средби се повлече, па годинава ќе ги организира Општина Велес заедно со градската билиотека.
Tweet |