Петар Печков
Објавено: четврток, 04 јуни 2015
Романот ,,Бледи сенки,, на Димитрија Дурацовски е годинешниот добитник на Рациновата награда. Ова е одлуката на жирито авторот Паскал Гилевски и Марија Георгиева Димова и Емилија Шелева професорки на Филолошки факултет и теоретичарки на книгата. Новина е што од годинава признанието се доделува за прозна книга која е иновација во форма, содржина и структура. Токму ова жирито го препозна во делото на Дурацовски.
Овој роман се издвојува со својата иновантна авторска постапка. Присутни се различни жанровски модели, вкрстосување на интимен поттекст и обраќање и порака кон актуелната општествена иотуација. Од друга страна ова дело оживува на суптилен начин две слики и далечни гласови од интимното и колективно минато, во кое секој може да се препознае. Со ова дело Дурацовски дава автентичен придонес на осовременувањето и збогатувњето на р азвојните потенцијали и текови на современото домашно прозно товрештво - изјави Паскал Гилевски, претседател на жирито и минатогодишен добитник на Рациновата награда.
За ова награда пристигнале кандидатуриа за девет книги. Жирито едногласно одлучило за романот на Дурацовски. Тие во потесна конкуренција издвоиле две дела, побединчката ,,Бледи сенки,, и ,,Алма Малер,, на Сашо Димоски.
Можам да изразам задоволство од новото раководство на Рациновите средби, кое ни овозможи самостојна и независна работа без никави интервенции од страна, што за жал се случуваат при некои други вакви книжевни жирирања во земјава. За пофалба е што на манифестацијата се дава акцент на иновативноста, развојност и осовременување. Романот на Дурацовски недвосмислено ја потврдува своајта вредност, бидејќи се обраќа на современиот човек преку комплексен и слоевит пристап, - рече проф Шелева.
За жирито со естетичка профилација на наградата, се отвора нова страница во Рациновите средби како поетска манифестација, која со поддржувањето на книжевните иновации во формата , структурата и содржина на прозните дела, даваат нови одредници и смерници во новата македонска книжевност.
Сите пет дела кои влегоа во потесниот избор, на различен екстензитет и интензитет, го потврдија основниот периметар на естетики профилираната награда, иновативноста. Имам впечаток дека таа е секогаш движење помеѓу традицијата и иновацијата. Во сите дела можеме да го препознаеме играњето и поставувањето на гранците, било да се тематски или жанровски. За жал само еден може да биде добитник на наградата - образложи проф. Марија Георгиева Димова.
Беше објавена и добитничката на ново востановената награда ,,Антологија на болката,, за дебитантска необјавена книга поезија од современ млад поет. Ана Ќовкарова директор на издавачакта куќа ,,Култура,, Сашо Димоски и Игор Крајчев поети и писатели одлучиле наградата да и припадне на скопјанката Сузана Мицева за ,,Мостот на копнежите,,. Нејзиното дело ќе го објави ,,Кулутра,, и ќе биде промовирано на 52-те Рацинови средби кои ќе се одржат на 11 и 12 јуни. Таа ја доби наградата меѓу седуме пристигнати аплицакии.
Tweet |