речник контакт

Рацин е македонскиот Че (фото)

Доделени наградите за необјавена поетска збирка љубовна поезија и твитер порака

Петар Печков

 Инспиративната беседа на Христо Петревски пред споменикот на Рацин,  беше дел од првата вечер на годинашниве 53-ти Рацинови средби.  Тој го спореди македонскиот поет и револуционер со јунакот  на Кубанците.

Ти си Рацине македонскиот  Че Гевара, тоа ќе останеш засекогаш. И годинава дојдовме за да знаеш  дека не си заборавен и осамен. Ветуваме дека никогаш нема да престанеме да го сонуваме твојот недосонуван сон – рече во беседата Петревски.  

Претходно од родната куќа на поетот до неговиот споменик во центарот на градот, граѓани, писатели, уметници минаа  во процесија по улиците низ градот му оддаваа почит  на Кочо Солев.   На платото пред Спомен  Костурницата се одржа поетски митинг каде свои  песни читаа македонски поети од повозрасната и помладата генерација.  

Беше доделена   наградата ,,Антологија на болката,,  на Даница Ивановска Лепојевиќ за ..Сјај, страв и  песни,,  а се  доделува  за најдобра и необјавена поетска збирка љубовна поезија од современ македонски поет. Се  додели и наградата за најдобра твитер порака од 140 карактери на Горан Лазевски кој напиша  „Љубов мерена на кантарион.“ Бидејќи авторот живее во Њу Џерси САД, тој наградата ја отстапи на децата од Здружението  на заболени со церебрална парализа од Велес.  Манифестацијата ја отвори министерката за култура.

 Со поезијата на Рацин, македонската литература ја доби неопходно потребната поврзувачка нишка меѓу традицијата и современоста. Создавајќи во дослух со современиците, Рацин ги постави темелите на современиот развој на македонската поезија, осмислувајќи еден континуитет произлезен од народната песна чиј јазик токму во неговиот творечки зафат ги покажа неисцрпните можности на уметноста на пишаниот збор – изјави Канческа Милевска.

Свеченоста беше збогатена со перформансот „Тука сум“ на Олга Панго, со огномет над градот. Свеченото затворање е вечерва во салата на Новиот театар во Велес, кога ќе бидат доделени и традиционалните награди „Рациново признание“ на Сашо Димоски и на Владимир Јанковски, како и „Почесното Рациново признание“ на проф. д-р Борислав Павловски.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »