Петар Печков
Објавено: петок, 03 февруари 2012
Од самиот почеток „Метрудхем‘‘ постојано ја повикува „Зелената коалиција“ на дијалог и изнаоѓање заедничко решение. Со клевети врз одредени лица вработени во „Метрудхем‘‘ нема да се реши ниту еден проблем поврзан со Топилницата. Секој понатамошен јавен линч врз поединци од компанијата ќе биде предмет на судски органи, стои во известувањето од „Метрудхем“ до Зелената коалиција на Велес.
До овој момент, се вели во соопштението, „Метрудхем‘‘ има доставено известување за намера за проект до Министертсвото за животна средина, а надлежното Министерство уредно достави решение дека за наредниот предлог проект е потребна студија. Воедно побара да доставиме барање за определување на обемот на оценката на влијанието на проектот врз животната средина и врз тоа барање ќе го утврди обемот за изработка на студијата.
Студијата ќе биде изготвена врз основ на обемот утврден од недлежното Министерство и доставена. По доставувањето на студијата таа ќе биде достапна до јавноста со што ќе бидат вклучени широката и експертската јавност, се вели во известувањето од „Метрудхем“ и се подвлекува дека аргументираните мислења од јавноста ќе се земат предвид и ќе влијаат на конечното решение за одобрување на студијата, а конечната одлука за започнување на производството ќе се донесе заедно во интерес на граѓаните придонесувајќи кон одржливиот развој во Велес и Република Македонија.
Tweet |