речник контакт

Реализирани повеќе едукативни активности за предупредување на граѓаните по нивната безбедност

Реализирани се превентивни активности со различни целни групи и со различни возрасни категории

Петар Печков

За едукација на граѓаните и превентивни активности велешката полиција реализираше неколку активности на подрачејето на СВР Велес, со различни целни групи и на различни возрасни категории.

Била реализирана сообраќајна превентивна активност  со акцент на безбедноста на пешаците, потребата од користење сигурносни појаси, информирање на граѓаните за опасностите од користење мобилен телефон за време на управување на возило, како и обврската возачите на мотоцикли и електрични тротинети да носат заштитна кацига. На пешаците како активни учесници во сообраќајот, им е потенцирано дека имаат обврска да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, улицата да ја преминуваат на обележан пешачки премин, при тоа да не користат слушалки и мобилни телефони, да бидат внимателни, особено во вечерните часови кога се движат на неосветлени локации и низа други совети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. , за да влијаат на зголемување како на својата, така и на безбедноста на сите останати учесници во сообраќајот. Во рамки на превентивните активности поделен е  печатен едукативен материјал.

На подрачјето на  Градско, реализирана е превентивни активности за заштита од пожари во рамки на кои на граѓаните им беше нагласена потребата од внимателно и одговорно однесување, со цел да се намали ризикот од појава на шумски и пожари на отворен простор, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми која е активна до 31 август. 

Во Велес  спроведена е  сообраќајна превентивна активност, во рамки на која на возачите им беше укажано на обврската за прилагодување на брзината на движење според сообраќајната сигнализација и условите на патот, како и за последиците што можат да настанат доколку не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на нивото на безбедност во сообраќајот.

Во селата Караслари, Црквино и Кочилари, велешко, реализирани се  превентивни активности за спречување на пожари. На граѓаните им било  потенцирана потребата за заштита и намалување на ризикот од настанување на шумски и пожари на отворен простор, како и внимателност при извршување земјоделски работи, напоменувајќи им дека е потребна поголема внимателност во текот на летниот период, континуирана соработка со надлежните институции и задолжително пријавување на несовесно однесување. 

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, на регионалниот пат Велес – село Извор, спроведена е сообраќајна превентивна активност, при што на возачите им беше укажано на обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот, како и за ризикот што го преземаат доколку не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, пред се за личната, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот. 

фото МВР

АНКЕТА »

Дали ВАР системот на последното СП во фудбал влијаеше на резултатите од одредени натпревари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »