Петар Печков
Објавено: вторник, 04 септември 2012
Барем за кратко, на седум дена магијата на подвижните слики на големиот екран се врати во Велес. Ревијата на играни и документарни филмови, организирана од Кинотека на Македонија во Велес за момент ги врати велешани во светот на седмата уметност. Амфитеатарот од Младинскиот парк беше местото каде се прожектираа македонски филмови на отворено, како некогаш на летните кино тераси.
Повеќе сакам да гледам документарни, тие ми е вистинити и реални. Со солзи о очите гледав како народот наше се мачел, за да создаде нешто. Овој потег за повторно прикажување на филмови во Велес е за поздравување. Оваа публика овде зборува дека интересот не згаснал. Ние своевремено сме чекале со часови з да купиме билети, толкав интерес имаше. Сега телевизијата го уби киното . Но без оглед на се, кино на градот му е потребно– вели Томе Милевски. Меѓу присутната публика, која секој ден беше во просторот е Благој Јорданов. И тој на овој начин се врќа во некое минато време.
Оваа ревија покажа дека на Велес му е потребна кино сала, публика има, само е потребен простор каде ќе се прожектираат филмовите. Ме радува што гледам мала публика меѓу гледачите. Очигледно тие ја следат филмската уметност - вели Благој Јорданов. Градот седум години нема кино сала, исто толку време нема редовна кино -прикажувачка дејност. Салата од киното 11-ти Октомври собира прашина и пропаѓа. Затоа ваквите ревии се добредојдени да на кратко им за загаснат жедта на велешани за подвижните слики. Тие нив ги гледале за прв пат од киното на Трајче Ѕиката на Којник уште во 1917 година.
Понудените филмови ги имам гледано и на малиот екран, на телевизија и ми се познати. Но интересен е амбиентот каде се прикажуваат. Убаво е да се гледа со повеќе луѓе присутни на еден простор. Тоа ме враќа на младоста кога во Велес имаше две летни тераси. Очигелдно е дека градот и публика имаат потреба од кино - вели Љубе Димов редовен посетител на ревијата. Меѓу гледачите беше и студентката од Кочани, која беше нагости во Велес, но штом дознала за ревијата не можеше а да не присуствува на проекцијата на филмот ,,Големата вода,, .
Јас сум голем љубител на филм, сакам д агледам и македонски филмови па и постари. Филмот го имам гледано на ДВД, но сепак чувството е друго на голем екран и на отворено. Кога имам можност одам на кино, без оглед каде се наоѓам. Вечерва бев во Велес и што дознав за ова ревија дел до времето ќе минам тука – рече Катерина Соколова. Публиката во Амфитеатарот до Младинскиот парк од најмлада до највозрасна. Имаше и деца кои за прв пат гледаа филм на големо платно. За нив ова беше открите, исто како што браќата Лимиер му ја прикажувале историската сцена на влегувањето на возот во станицата.
Прв пат гледам филм на големо платно. Моите родители ме донесоа овде и многу е чудно, бидејќи сликата доаѓа од пред екранот а не од зад него. Би сакал да гледам и други филмови кои ги даваа на телевизија и ги има на ДВД да ги видам ваква во живо – вели десетгодишниот Ангел Миланов.
Велес седум години нема кино сала и според директорот на театарот, кој беше технички организатор, Јордан Витанов, ова е обид да се задоволи интересот на публиката, која сака да гледа филм на платно. При неодамнешната посета на Велес, директорот на Филмскиот фонд на Македонија Димитар Башевски најави дека есенва и до крајот на годинава во Велес, гледачите ќе можат да ги видат два нови македонски филма ,,Трето полувреме,, на Дарко Митревски, и ,,Балканот не е мртов,, на Александар Поповски.
Tweet |