Петар Печков
Објавено: четврток, 05 јуни 2014
Во просториите на Општинскиот Црвен крст започна курс за безбедност на вода и формирање на нова група на спасители на вода за базени и аква паркови. Курсот го посетуваат 36 лица, бидејќи е регионален не само од Велес, туку и од Неготино, Кочани, Прилеп и од Кавадарци.
Сите посетители кои ќе положат се стекнуваат со меѓународен сертификат признат во цел свет, за спасител на вода. Имаме битна разлика од порано, кога имавме спасители на езера и мориња а ова е за други затворени водни површини – рече Петре Петрушевски, кој заедно со Љубе Попов и Иле Попов како инструктори и професори по физичко воспитување, се предавачи на овој курс.
Тој трае осум дена, седум е теоретска настава е осмиот ден е практичното полагање. Носител на ова активност е Општинската организација нa Црвениот крст од Велес.
Tweet |