речник контакт

Регистрирани нови 24 случаи на ковид-19 позитивни во велешко, шестмина оздравени и еден починат

Активни се 235 случаи, во велешка Болница се хоспитализирани се 36 пациенти

Петар Печков

Министерството за здравство објави дека денес, среда  во велешко има 24  лица ново заразени со ковид-19,  а шест оздравени. Активни се 235 случаи а досега се заразиле 3.398  лица.

Во текот на вчерашниот ден починат е еден пациент  на 76 годишна возраст, од Велес, позитивен, лекуван на инфективно одделение десет дена.Тоа е 111-тата жртва од ковид заразата, во велешко.

Во велешка Болница се хоспитализирани 36  пациенти, од кои 28 се потврдени позитивни, четворица се сомнителни  и  четворица  се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се девет  лица.  На Инфективно одделение се сместени 31 а на Интерно петмина  пациенти. Испишани се тројца   пациенти како оздравени со по еден  негативен тест.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »