речник контакт

Режисерот Мицевски - имаме потреба од долги аплаузи не од долги разговори

Во Велес одбележан Светскиот ден на театарот 27 март

Петар Печков

Светскиот ден на театарот 27 март, во велешки театар го собра македонските актери, директорите на националните театарски куќи кои заеднички го одбележаа  овој ден.  

Пораките за Светскиот ден  на  театарот, ги прочита  актерот  Васил Зафирчев. Тие   беа напишани од   француската  актерка Изабел Ипер и македонската на режисерот Благоја Мицевски.  

Театарот има моќ да го менува човекот, да создава подобри светови од оној во којшто секојдневно живееме, да создава слики што порано не сме ги виделе, јазик што сите го разбираме и на кој заедно се смееме или плачеме. Театарот и јас – веќе немаме потреба од долги разговори, интуитивно се чувствуваме. Немаме потреба од виртуелни пријатели и обожаватели од кои повеќе од половина не те поздравуваат кога ќе те сретнат на улица. Имаме потреба од долги аплаузи – е  дел од пораката на Мицевски.  

Зафирчев презентираше и дел од меѓународната  порака на Ипер.

,, За мене театарот е дијалог, тој е отсуство на омраза. Пријателство меѓу народите – не знам што тоа точно значи, но верувам во заедницата, во пријателството меѓу публиката и актерите, во трајното единство меѓу народите кои театарот ги спојува – преведувачи, едукатори, костимографи, декоратери, професори, практичари и публика. Театарот нè штити, нè засолнува,,.

На ова свеченост  присуствуваше и министерската за култура Елизабета Камчевска Милевска. Таа им го честиташе овој ден на актерите, уметниците, потенцирајќи дека Македонија има извонреден театар и силен уметнички  потенцијал.   

Во изминатите осум години во театрите и во центрите за култура се реализира над 450 вработувања, од кои се вработија 223 уметници – актери, драматурзи, режисери, како и над 220 лица во делот административно- технички персонал . Ги изградивме МНТ и Велешкиот театар, почнавме со изградба на Струмичкиот театар кој до крајот на годината ќе биде завршен. Се гради Турскиот театар во Скопје, а до крајот на годината, ќе заврши и реконструкцијата на Албанскиот театар -  потенцира  министерката Канческа- Милевска.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »