Петар Печков
Објавено: понеделник, 19 август 2024
Испитувањата на квалитетот на водата на река Бабуна, на местото викано „прва плажа“ покажале дека истата е бактериолошки неисправна и не може да се користи за капење, рекреација и наводнување на земјоделски површини. Ова го пишува во препораките на Центарот на јавно здравје Велес, кои се доставени до локалната власт а таа ги објави на нејзината веб страница.
„Испитувањата покажаа дека водата е од 3 класа на бактериска контаминација и приуство на амонијак, по останати испитани параметри е 2 и 1 класа, и затоа не можат да се користат за капење и рекреација на луѓето и за наводнување на земјоделски пвошрини“ – пишува во образложението.
Примероци на водата се земени на 4 јули. За потсетување претходното испитување, на приватната лабараторија „ФУТ лаб“ од 11 јули, квалитетот на водата според микробиолошките анализи бил добар а според хемиската анализа бил во прва класа.
ЦЈЗ Велес на 4 јули извршил анализа на водата на реката Тополка, пред вливот во Вардар. Резултатите покажале реката во овој дел, дека не може да се користи за капење, рекреација и за наводнување на земјоделски пвошрини. Таа била во 3 класа на бактериска контаминација и приуство на амонијак, по останати испитани параметри е 2 и 1 класа, идентично како долниот тек на река Бабуна.
Реката Вардар одамна со децении низ Велес, не може да се користи за капење, наводнување и поење на животни, оти е загадена.
Tweet |