Петар Печков
Објавено: петок, 07 август 2026
Река Тополка во Чашка на мерно место „Чашка-капалиште“ не е безбедна и не може да се користи за капење и рекреација на луѓето. Ова е препорака од Центарот за јавно здравје Велес а според анализата на водата изврешена во јуни месец.
Причина е влошениот квалитет на водата по однос на матност и микробиолошки статус кој е од трета класа. Aнализираниот примерок на вода по останати испитани параметри бил од втора и прва класа.
Иако досега се испитуваше квалитетот на водата на река Тополка низ Чашка, досега не биле јавно објавени податоците. Истите се добиени по поставено прашање до Центарот за јавно здравје Велес.
| Tweet |




