Петар Печков
Објавено: сабота, 28 август 2021
Реконструиран е објектот на Полициското одделение во населба Чашка. Денес го посети министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Инвестицијата е пет милиони денари, средства издвоени од буџетот на МВР.
,,Посебно ми е драго што колегите од оваа наша организациона единица од денес и официјално добиваат квалитетен, реконструиран и саниран работен простор и амбиент кој што ќе придонесе за подобрување на квалитетот и стандардот на работа и услуги што полицијата ги дава на граѓаните како нивен сервис“ истакна министерот Спасовски.
Во постапката на реконструкција на објектот направена е комплетна санација на кровната конструкција, изработена е нова термоизолациона фасада на целиот објект, заменета е старата електрична инсталација со нова, направена е комплетна замена на старите дрвени прозорци со нови ПВЦ прозорци, а поставено е и ново парно греење. Извршени се и други потребни работи за реконструкција на објектот.
За донацијата за внатрешното уредување на објектот, министерот Спасовски додели благодарница на Авто школата „3М“ од Велес.
Tweet |