Петар Печков
Објавено: среда, 21 октомври 2015
Реконструкцијата на улицата Орце Шутев, која се изведува кај Варналиите ги разлути жителите на овој дел од градот, сите кои се упатуваат кон Јурија. Стеснетата улица, коцките кои се отстранети и по нејзините рабови, земјата која по дождливиот период се претвори во кал, беа причина за реакциите на граѓаните. Градежните работи започнаа на почетокот до септември а по месец и половина сеушре не се завршени.
Како се започна, така се остави. Ова малово багерче не се помести. Тука е од првиот ден. Се раскопа улицата и толку. А по беа минуваат илјадници жители, стотици автомобили секој ден. Колите ги искршивме по лошиот пат - велат жителите. Од изведувачот ЈКП Дервен информираат дека работите привршуваат.
До крајот на месецот ќе заврши реконструкција на улицата Орце Шутев. При работата се констатираше дека има голем број на приклучоци, чие поврзување ја успорува работата - велат од ЈКП Дервен.
На почетокот од септември започна реконструкција на водоводната линија на улица „Орце Шутев“. Должината на оваа водоводна линија изнесува 400 м. која опфака повеке од 100 приклучока. Надлежните тогаш најавија дека ,,долгогодишниот проблем на граѓаните од овој дел на градот и почестите дефекти кои за жал резултираа со прекин на снабдувањето со вода со овој зафат ќе бидат решени“ Тогаш беше најавено дека реализацијата на овој проект да заврши во наредните седмици со што улицата целосно ке го реши проблемот со веќе дотраените цевки.
Tweet |