речник контакт

Рекордна невработеност, најмала вработеност

Две третини од жителите на велешка општина се невработени, што создава социјални проблеми и тензии велат од ССМ.

Петар Печков

Две третини од жителите на велешка општина се невработени, што создава социјални проблеми и тензии велат од ССМ. Презентирајќи ги бројките на Републичкиот  Заводот статистика, општината се наоѓа на самиот врв по невработеноста во земјава ана дното по вработеност.

- Ако општината брои 55 илјади жители со 16.688 невработени, еден вработен издржува двајца невработени, што создава тешкотии  во животот за секое семејство. Споредбено во Македонија учеството на вработените е дијаметрално спротивно, отколку во Велес. На ниво на држава имаме 33 отсто невработеност што е двојно помалку отколку на локално ниво – вели Димитар Андонов од ССМ. Некогашниот индустриски град најтешко ја преживеа осумнаесте годишната македонска транцизијата, бидејќи од големите гиганти, Топилница, Лозар, Нокатекс-Свилара и Порцеланка произлегоа осум илјади сечајци и технолошки вишок, што е 15 отсто од  нивниот вкупен број во земјава. За ваквата катастрофална состојба, според синдикалците виновник е непринципиелната, нетранспарантна  приватизација, поддржана со лошо водени со години стечајни постапки и ликвидации.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »