Петар Печков
Објавено: недела, 03 ноември 2024
Рекордни 180 крвни единци се собраа на денешната крводарителска акција, организирана за Денот на општината 9 ноември. Таа беше во организација на Мото клубот Носачи на крстот од Велес, Општинската организација на Црвен крст Велес и Заводот за трансфузиона медицина Скопје. Од собраните крвни единци, 12 се од првократни дарители. Поради големиот интерес крводарувањето се одвиваше на девет стола, во период од 9 до 16ч.
До денес најмасовна крводарителска акција на МК Носачи на крстот беше таа од 2013 година, кога беа собрани 177 крвни единици. Оваа акција се одржува 17 години по ред, со тоа што од 2020 година се одржува и пролетна. Годинава тогаш се собраа 160 крвни единици. Акцијата се одржа во фоајето на театарот Јордан Хаџи Констатнинов Џинот и е дел од настаните за денот на Општината 9 Ноември.
Tweet |