речник контакт

Рекордни 52 отсто од општинскиот буџет во изборна година лани, завршиле за 135 јавни набавки

Oд најобемниот Буџет досега, ланскиот од 1,5 милијарди денари издвоени се 604,6 милиони, или по жител 12.475 денари. Од издвоените средства за јавни набавки дури 86% се за работи

Петар Печков

Општина Велес скоро двојно ги зголемилa средствата за јавни набвки лани. Таа е на осмо место по  вредноста на јавните набавки во однос на друите општини во земјава и на иста позиција  8-ма со најголем годишен пораст најавните набавки 

Минатата година Општина Велес издвоила рекордни 52,56% од општинскиот буџет за јавни набавки. Тоа е највисокиот процент од достапните податоци за изминатите 10 години започнувајќи од 2015 година. Или во апсолутни бројки, од најобемниот Буџет досега од 1,5 милијарди денари, за 135  јавни набавки се издвоени 604,6 милиони, или по жител 12.475 денари. Од издвоените средства за јавни набавки дури 86% се за работи, за услуги се 7% и иcто толку за стоки. Ова се податоците на Центарот за граѓански комуникации. 

Петте фирми кои добиле најмногу средства од Општин Велес преку јавните набавки се:
Делта пром  28,3% -  171 милион 
Миса МГ  23,4 -  141,5 милиони
Градба промет Кавадарци  12,1 -  73,1 милион -градежна фирма
Изгрев инжинеринг Велес  9,2% - 55,7 милиони 
Ескаватори Урошевац Косово  7,5 % - 45,3 милиони -фирма за изградба на патишта

Со овие податоци Општина Велес се најде на 8-то место според вредноста на јавните набавки со 9,8 милиони евра. Пред неа се Тетово на врвот со 22 милиони, па Газибаба, Штип, Аеродром, Куманово, Карпош и Гостивар, а зад Велес во првите десет се Битола и Ѓорче Петров. 

Општина Велес е на истата позиција 8-ма  и на табелата на локалните власти со најголем годишен пораст на јавните набавки. Има зголемување од 4,9 милиони евра во однос на 2024 година.  Општина Велес не е меѓу првите десет локални власти што издвојвуаат најмногу по жител.  Таа издвоила лани 200 евра а на врвот е Чаир со 2.381 евро , па Сарај со 1.703, Штип 1.544, Струга 1.355, Тетово 1.273, 

Годинава  Општина Велес за набавка на униформите на учениците од основното образование преку трендер треба да исплати  10,6 милиони денари со ДДВ, на фирмата Армариум – ДОО Скопје, за учениците од  седум основни училишта.

„Вредностите се за потпишани, склучени договори. Целата сума за сите 85 општини е висока околу 356 милиони денари, и дел од средстата околу 150 милиони денари  се од Унгарскиот кредит позајмен од Владата. Да не заборавиме дека 2025 година беше изборна и  вредностите се рекордни“ – кажа  Герман Филков – претседател на Центарот за граѓански комуникации.

За споредба во 2024 издвоени за јавни набавки биле 29 отсто од општинскиот Буџет, за 146 набавки,  или по жител 6.246  денари. За работа се исплатени 51%, за стока 38% и остатокот од    11% за  услуги. Ова се фирмите кои добиле најмногу пари од Општина Велес. 

Македонски телеком 30,1% - 91 милион
Делта пром 19,5% - 58,9 милиони
Профил инжинеринг Велес 10,7% -32,4 милиони ПВЦ 
Филип инжинеринг 9,8% - 29,7 милиони 
Изгрев инжинеринг 4,9% -14,9 милиони 

Во 2023 година биле издвоени 16% од општинскиот буџет, за 140 набавки, или по жител 3.454 денари 
Во изборната 2021 биле издвоени 20,7  отсто за 144 набавки или 3.654 денари по жител  / 63-работи, 21 стоки, 16% услуги 

Во изборната 2017 биле издвоени 16,2%  отсто за 118 набавки или 2.780 денари по жител  / 50,8%-работи,  28 % услуги, 21 стоки.

АНКЕТА »

Дали сообраќајната полиција успешно се справува со паркирањето, моторите, тротинетите по велешките улици и тротоари?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »