Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 април 2015
Пензионерскиот дом е реновиран. Ббновена е салата каде тие се дружат, забавуваат и минуваат дел од слободното време. Таа има капаците од стотина столици и во тек е набавка и на нов инвентар.
Обновена е трпезаријата, која ќе се дава бесплатно на пензионери со слаби приходи за домашни слави, парастоси, и други фамилијарни моменти. Поставени се четири телевизори, обновени се санитарните јазли а има и посебна просторија за љубителите на шах.
Се што прибираме како средства ќе ги вложуваме во објектот. Тие се од пензионерите и ќе бидат за нив. Немаме потреба од добивки, ќарови, за кого ќе ги чуваме тие пари. Ова е прв чекор, ќе следи уредување и на дел од становите, подрумите, како и на просториите на пензионерите во урбаните заедници, но и во Градско, Чашка, Богомила - рече Велеа Алексовски, претседател на Здружението на пензионери до Велес.
На отворањето на реновираните простории настапи и пеачката група ,,Пензионери,под водство на Димче Митрев. ж Жените пензионерките пак под водство на Неделка Ѓорѓиевска офарбаа и поделија 180 вапсани велигденски јајца.
Tweet |