речник контакт

Ренџерси во стечај по 140 години традиција

140 години историја, непрегледна трофејна ризница (54 наслови на шкотскиот првак, 33 купови, 27 лиги на купови) и цела навивачка армија која го следи клубот, на крај не помогнаа Глазгов Ренџерс да избегне стечај.

Петар Печков

Не помогна ниту фактот дека клубот со децени го негуваше имиџот на лојалистичка тврдина, бидејќи Министерството за финансии „неговото височество“ сега без сентименталности сака да ја заврши сапуницата за милионските долгови на Ренџерси.

Трчање по соништа

Приказната се врти од 2001 година, а клубот во меѓувреме се закопа преку глава. Најцрните прогнози зборуваат за долг од 75 милиони фунти.
- Ренџерси со години трчаа по соништа и сега им е испорачана сметката за таквата пракса. Некој си играл со големи бројки на многу погрешен начин. Се плашам дека клубот ќе престане да постои во досегашниот облик – коментира Грахам Соунс, поранешен играч-менаџер на Иброкс.

Полицијата бара исплата

За стечаен управител беше избран Крег Вајт, претседател кој го откупи мнозинскиот пакет на Ренџерси во мај ланската година. Меѓутоа, даночните власти не го одобруваат тој потег и сакаат стечајната постапка да ја контролира управител кој ќе го избере судот. Иницијална каписла за целата постапка се новите 9 милиони фунти долг настанат од неплаќање на придонеси и „принадлежности“ на платите на играчите.

Министерството за финансии ги товари „ренџерите“ и дека со години своите странски ѕвезди ги плаќале на оригинален начин, со уплати во посебен фонд. Тие средства фудбалерите ги подигнувале во момент на заминување од Велика Британија и притоа плаќале дупло помал данок од своите британски колеги. Даночниците сакаат да докажат дека тоа било елегантен начин за заобиколување на законот.

Стечајниот управител од корпорацијата „Duff and Phelps“ веќе во средата се фати за работа. Најави серија состаноци со спонзорите од чија флексибилност всушност и зависи иднината на клубот. Некои застапници во парламентот потрчаа во помош на паднатиот великан со изјави дека партиите „мора да постигнат разумно решение“ кое ќе овозможи на кредиторите да наплатат, а клубот да продолжи да функционира во согласност со угледот. Во пракса „ренџерите“ сепак ќе се сретнат со тривијални проблеми. Во вторникот, за илустрација, од полицијата им порачаа дека не се подготвени да го обезбедуваат првенствениот натпревар со Килмарнок, ако не се навремено исплатени за својата работа.

Менаџерот Али МекКоист сеедно ги повикува навивачите да останат зад тимот. „Ова се црни денови, но сите заедно мораме да веруваме дека на крај ќе излеземе посилни и постабилни. Нашите навивачи се најдобри во светот и сигурно нема да го напуштат тимот“, вели МекКоист кој практично се прости од насловот откако со влезот во стечај му беа одземени 10 првенствени бодови.

преземено од Јутарњи лист - Загреб

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »