Петар Печков
Објавено: недела, 20 април 2008
Велешани ќе имаат можност да видат репрезентативна голема изложба, на дела од познати македонски автори сопственост на Народниот музеј од градот. Дел од нив за прв пат ќе бидат претставени на јавноста, додека други со години биле чувани во депоата на оваа институција, или пак се позајмени на други институции. Истите музејот во годините наназад ги добивал како подарок од македонските автори или институции.
- На изложбата ќе бидат претставени 30-тина слики во масло на платно и графика од познати македонски автори. Посетителите ќе ги видат делата на Томо Владимирски автор од првата генерација на македонски сликари, Никола Мартиновски, Ана Темкова. Ќе има десетина скулптури, во дрво, метал и керамика, од Боро Митриќески, Коста Абдурманов, Боро Чушков - вели Елица Николова, виш кустос историчар на уметноста автор на изложбата.
За прв пат пред македонската јавност ќе бидат претставени делата на Ѓорги Зографски портретите на Игно Поп Стефанов и Ристо Копанданов, кој минатата година, Музејот ги откупил од едно велешко семејство. Изложбата ќе биде отворена вторник навечер во 19 часот во Ликовниот салон и ќе трае два дена, бидејќи истата е дел до содржините за отварањето на муралот посветен на Рацин.
Премиерно ќе биде изложено и делото „Дел од градот“ на Владимирски. Оваа ретка можност да видат дела од најпознатите македонски автори, ликовни творци ја отвара и дилемата за нивното чување и претставување, бидејќи повеќето од нив не се достапни до јавноста и повеќе од 20 години.
- Во Велес ни недостигаат две паралелни институции кои ќе се грижат за културното наследство, а кои од поодамна ги барам да се отварат. Тоа се конзераторски центар кои ќе се грижи за недвижното културно наследство и уметничка галерија која ќе се грижи за сликите и скулптурите, кои ги поседуваме – изјави Спасе Перовски, директор на Музејот во Велес.

Tweet |