Петар Печков
Објавено: понеделник, 13 мај 2024
Се одбележа 12 мај, Меѓународниот ден на медицинските сестри и техничари и 5-ти мај Меѓународниот ден на акушерките. Овие седум дена од 5-ти до 12 мај, се недела нa медицинските сестри и акушерките. Мото оваа година за акушерките е „Работна сила која ни е потребна“ а за медицинските сестри „Нашите медицински сестри, наша иднина“.
„Овој ден е можност за потсетување на ангажманот на медицинските сестри и акушерки во нивната грижа за здравјето на пациентите. Нивниот влог е голем и добро е што барем во еден ден може вниманието да биде свретено кон овие здравствени работници. И проблемите со кои се судруваме. Нашите проблеми, како здравствени работници, постоеле, постојат и ќе постојат, но очекуваме и бараме да бидат во помал број“ – кажа Ружица Нацева претседател на Општинското здружение на медицински сестри и техничари, акушерки на Македонија, за Велес.
На централната прослава одржана во Скопје, на три здравени работнички од Општа болница Велес и Здравен дом Велес им беа врачени признанија за нивната долгогодишна и посветена работа. Тоа се Гровче Ѓорѓиева, медицинска сестра од хирургија, Надица Стојкова акушерка, двете од ЈЗУ Општа Болница Велес и Вида Димова медицинска сестра од службата за Итна помош при ЈЗУ Здравен дом Велес. Од страна на Здружението на медицински сестри и техничари, акушерки на Македонија, благодарница доби Олгица Мојсова Пепелашева.
Унијата на медицински сестри „За нас“ додели пофалница за Весна Пренџова, медицинска сестра од Интерното одделение од Општа болница Велес.
Tweet |