речник контакт

Розов октомври, месец на борба против ракот на дојка (фото)

Организациајта на жени со настан пред велешки театар, ја подигаше свеста кај жените

Петар Печков

Членките на организацијата на жени од  Велес, со настан одржан на платото пред велешки театар, ја подигаа свеста на жените во борбата со ракот на дојката. Настанот беше  дел од содржините  октомври „Раната детeкција е клучна“.  Потсетија дека редовен преглед  и самопреглед се основа за здравјето на секоја жена.

„По повод Розов октомври, делиме материјал за подигање на свеста кај жените .Основно е редовно да одат на контроли и да прават самопрегледи. Дел од содржините на организацијата, во борбата со ракот на дојката  е и здравствената едукација. Очекувам дека нема да го одбележуваме само  во октомври,туку и преку целата година. Рана детекција е клучна“- кажа Мирјана Трајкова, претседател на Организција на жени.

Министерството за здравство започна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“.#mce_temp_url# Трибините  ќе ги водат доктори специјалисти во оваа област кои се членови на националната комисија за скрининг на рак на дојка. Во Велес ќе се одржи  на 29 октомври (вторник),  во 13 и 30 часот во  просторија на  ЈЗУ Општа болница Велес, а за предавач   е најавена д-р Тања Петровска.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »