речник контакт

Роналдињо не ја избегна клетвата

На ниту еден од последните 13 мундијали фудбалерот што претходната година ја добил наградата за најдобар светски играч не го оправдал овој епитет и успеал да стигне до трофејот светки првак.

lj lkjl

На ниту еден од последните 13 мундијали фудбалерот што претходната година ја добил наградата за најдобар светски играч не го оправдал овој епитет и успеал да стигне до трофејот светки првак. Бразил важеше за фаворит број еден за освојување на светската титула поради неколку причини. Една од нив сигурно беше фактот дека за \"кариоките\" настапува Роналдињо, најдобриот фудбалер ан денешницата кој пред само два месеци со екипата на Барселона се искачи на самиот врв на европскиот фудбал. Кога можеше да го стори тоа со каталонскиот гигант на европската клупска сцена, сите очекуваа Роналдињо да го повтори истото и со Бразил на овој мундијал. Впрочем, колку може тоа да биде тешко ако се има предвид дека во дресот на \"кариоките\" Роналдињо крај себе ги имаше и еден Кака, Адриано, Емерсон, Роналдо, Робињо, Лусио, Кафу и уште голем број фудбалери од светска класа. Сепак, речиси никој предвид не го зема податокот дека ниту еден играч што бил избиран за најдобар светски фудбалер, на мундијалот што се одржал следната година не успеал да ги оправда очекувањата и да стигне до титулата светски првак со својата репрезентација. Од Роналдињо се очекуваше многу на ова Светско првенство, но не покажа буквално ништо. Најава за неговиот слаб мундијал беше очајната премиера против Хрватска, кога најдобриот светски фудбалер воопшто не се виде во дуелите со \"коцкастите\". Тогаш сите велеа дека \"голем\" играч како Роналдињо не може да одигра толку слабо две средби по ред. Сепак, следеа очајни партии и на дуелите со Австралија, Јапонија и Гана, по што стана јасно дека нешто чудно се случува со генијалецот што во последните две години ги воодушевуваше присутните на сите стадиони на кои што настапуваше. Во пресрет на дуелот со Франција, Роналдињо изјави дека поважно му е да ги разигрува соиграчите отколку да постигнува погодоци, напоменувајќи дека тој своите голови ги чува за финалето. Очигледно, ќе треба да почека некое друго финале за да го оправда епитетот најдобар на денешницата. Затоа што \"најголемите\" се докажуваат токму на најголемите натпревари. А на своите два најголеми меча годинава од Роналдињо немаше ни трага ни глас. За среќа, на финалето од ЛШ Барса ја извадија резервите Ларсон и Белети, но Карлос Алберто Пареира не успеа да пронајде таков џокер во редовите на \"кариоките\" на четвртфиналната пресметка со Франција. Така, Бразилците предвреме се спакуваа и се вратија дома, а Роналдињо ќе мора да почека уште четири години за да добие нова шанса да се докаже на светската фудбалска сцена. Затоа што ова што го прикажа во Германија не личеше ама баш на ништо. [b]Најдобрите играчи не стануваат светски прваци [/b] [em]Година Играч Земја Земја Домаќин Мундијалски пласман [/em] 1957 Алфредо ди Стефано Шпанија Шведска \'58 - Не се квалификуваше 1961 Омар Сивори Италија Чиле \'62 - 1. Рунда 1965 Еузебио Португалија Англија \'66 - Полуфинале 1969 Џани Ривера Италија Мексико \'70 - Финале 1973 Јохан Кројф Холандија Германија \'74 - Финале 1977 Алан Симонсен Данска Аргентина \'78 - Не се квалификуваше 1981 Карл-Хајнц Румениге Германија Шпанија \'82 - Финале 1985 Мишел Платини Франција Мексико \'86 - Четвртфинале 1989 Марко ван Бастен Холандија Италија \'90 - Осминафинале 1993 Роберто Баџо Италија САД \'94 - Финале 1997 Роналдо Бразил Франција \'98 - Финале 2001 Мајкл Овен Англија Јапонија/Кореа 2002 - Четвртфинале 2005 Роналдињо Бразил Германија 2006 - Четвртфинале

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »