Зоран Николов
Објавено: четврток, 07 јуни 2007
Во вторникот и средата беше реализирана долго најавуваната акција на РК од Велес. Таа беше реализирана во сите средни училишта во градот и ги опфати учениците од прва година. Беа поделени 800 флаери со музичко цеде. Мотото на оваа акција беше „Кажи НЕ на дрогата, кажи ДА на музиката“. РК од Велес го припремаше овој проект последните два месеци, а средствата беа обезбедени од нејзините членови. Голема благодарност до директорите на средните училишта за нивната отворена и несебична соработка. Ротаракт клубот од Велес продолжува со динамично темпо да работи на реализација на идни проекти со коишто ќе бидат опфатени младите од нашиот град.
Tweet |