речник контакт

СВР Велес и Дедо Мраз со новогодишни пакетчиња за децата од Велес (фото)

Посетени биле децата згрижени на детско одделение, пакетчиња имало и за децата гости во ПС Велес и децата кои биле затекнати низ градот

Петар Печков

Дедо Мраз ги посети децата во детското одделение од Општа болница Велес и им подари новогдишни пакетчиња. Тие ба подарок, обезбедени од вработените СВР Велес во соработка со општествено одговорна компанија од градот.  На дечињата кои во моментов се лекуваат, освен што им беа  подарени новогодишни пакетчиња, им беа испорачани  желби за добро здравје и безгрижно детство. Потоа новогодишни пакатчиња беа поделени и на децата кои се најдоа во те мометни на неколку јавни локации во градот. 

Претходно полициските службеници од СВР Велес беа домаќини на најмладите жители на Велес. Децата беа изненадени со доаѓањето на Дедо Мраз, кој им подари новогодишни пакетчиња обезбедени исто така од вработените во Свр Велес и општествено одговрна компанија од Велес. Средбата со полициските службеници, децата ја искористија и за да постават прашања поврзани за професијата полициски службеник, а споделија и дел од она што тие го научиле претходно.

 фото СВР Велес

АНКЕТА »

Дали на Велес му се потребни камерите за „безбеден град“?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »