Петар Печков
Објавено: четврток, 13 февруари 2020
Владејачката коалиција побара вонредна седница на Советот на Општина Велес, која ќе биде затворена за јавноста и ќе се расправа за безбедносната состојба. Ова го кажа координаторката на советничката група на СДСМ Весна Стојанова Богоевска, на крајот до 51-вата седница на Советот, која заврши во вторникот навечер.
Таа не ги кажа причините но барањето доаѓа по неколкуте инциденти кои изминатиот месец ги полена црните хроники од медиумите. Тука се убиството во Долно Караслари, обидот за убиство на полицаецот на гробиштата на Св. Спас, сообраќајка кога автомобил излета од автопат пред Велес, сообраќајка со еден починат и четворица повредени на железничкиот премин кај Ногаевци а биле носени на дијализа, сообраќајката кај Кула со еден починат, велешанецот кој каснат од куче падна во провалија и тешко се повреди, ограбената банка во центар на градот.
Tweet |