речник контакт

СДСМ прашува имало ли пумпање на цените за превоз на учениците

Три училишта лани потрошиле за превоз на ученици 352 илјади евра. СДСМ прашува и како и колку се користеле училишните спортски сали

Петар Печков

Во некои училишта во градот, се случувало недомаќинско трошење и собирање на пари, по основ за превоз на ученици и за  наем за користење на спортските сали. Ова на прес конференција го кажа Ненад Коциќ во името на советничката група на  СДСМ и коалиционите партнери.Тие до ваквите податоци дошле по разгледувањето на завршните сметки на основните и  средни училишта во општината.    

Од наша страна детално беа разгледани извештаите за трошењето на општинскиот буџет и народните пари, при што беше констатирано нелогично, сомнително и во најмала  рака недомаќинското  трошење на народните пари - рече Коциќ.  

Како  пример посочи три училишта, кои не  ги  именуваше но рече дека  се` од малкуте кои немале блокирани сметки.  Кај нив за превоз на ученици биле потрошени 21.600.000 денари  или  352.000 евра. Пресметале дека  за 180 наставни  дена се одделувале по 2000 евра за превоз, секој ден во овие три средни училишта.

Колку минибуси можеле  да се обезбедат со овие пари, дали не можело со овие пари да се обезбеди превоз за жителите на приградските населби, како и селата во велешко кои воопшто немаат превоз.Советничкото мнозинство предводено од СДСМ јавно праша и ќе прашува се додека не дојде до вистината. Дали  имало “пумпање” на цените и злоупотреба на позициите, треба да одговорат соодветните државни институции - додаде Коциќ.  

За советничкото мнозинство во велешкиот Совет спорна е состојбата и со  користењето  на  училишните спортски сали. Таму  според нив се прикажувале нелогично ниски средства од издавањето. Посочи примери во две училишта кои повторно не ги именуваше. 

Едно училиште прикажало средства кои ги добило како трошок за салата, а се добиени од општина Велес за спортување на клубовите од градот и ниеден денар повеќе за издавање на спортската сала. Дали 180 работни денови никој не спортувал и каде се парите уплатувани од тие активности. Друго училиште прикажало прилив од 18.000 денари за месец јануар-февруар 2017-та, а за истото училиште во првите два месеци од  2018 година за истата сала има 81.000 денари прилив. Тоа е разлика од 60.000 денари за два месеци. Јавно го повикуваме ОЈО Велес по допрен глас да поведе предистражна постапка за утврдување на можни злоупотреби  - заврши Коциќ.

За сите училишта  годишните извештаи за работа не поминале оти мнозинството советници биле воздржани а опозицијата, поточно дел од неа кој бил присутен на седницата  гласал ,,за,,. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »