речник контакт

СЕФТЕ СО НАС за 9-ти ноември на Солунска глава

30 учесници на ветер, магла, дожд и минус 3 се искачија на 2.540 м.

Петар Печков

По повод една година од постоењето на Планинарското Друштво Чеплес и 70 год од ослободувањето на Велес , на 9-ти ноември се одржа планинарски марш Чеплес - Солунска Глава .

На маршот од  150 пријавени  се појавија 120 а  30 излегоа на врв, поради исклучителното лошо време и дождот кој на непрекинато паѓаше повеќе од 12 часа. Сите планинари (30) што излегоа кон искачување на врвот Солунска Глава, се искачија за  точно  3 часа и 22 мин. во услови на дожд, густа магла а на врв ветер , снег и температура од  минус 3 степени.

Учесници на Првото 9-то Ноемвриско искачување на Солунска Глава беа планинари и бајкери и тоа од: Планинарските  Друштва Чеплес- Велес, Бистра - Скопје , Пелистер – Битола, Скопска Црна Гора – Скопје, Ѓорѓи Наумов – Битола, Зелен Рај – Велес, Кожуф – Гевелија, Е.Г . Грин Пауер – Велес, Велес Бајкинг, Преспа Бајк гостите од  Софија Тим од Софија Бугарија, планинари ентузијасти кој не припаѓаа на клубови и друштва и тоа од Велес, Скопје, Ресен, Прилеп, Штип  и екипата која беше одговорна за логистика и безбедност- Здружението за Безбедност на Вода и Планина Македонски Спасител од Велес

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »