речник контакт

Сабота вечер премиера во велешки театар на „Нема струја за електричниот стол“

Работена по текст на современиот бугарски писател Александар Секулов, режисер е Дејан Пројковски. Во дуо драмата играат Васил Зафирчев како осудениот и Исидор Јованоски како џелат

Петар Печков

 Сабота вечер во 20 часот во велешки театар премиерно ќе биде изведена претставата  „Нема струја за електричниот стол“. Работена по текст на  современиот бугарски писател Александар Секулов, режисер е Дејан Пројковски, кој вели дека тоа е црна комедија.

„Претставата зборува на еден современ сценски јазик, со многу технологија, анимација, видео. Создадовме претстава со која се гордееме и  на која се радуваме.  Таа е специфична по израз, модерна  претстава, во која имаме спој помеѓу театар и филм. Претставите се интересни и за нас кои ја создаваме  но и за публиката. “ - кажа Пројковски.   

После големиот успех на претставата „Инферно“, за чии изведби и натаму се  бара билет повеќе, ова е втора соработка на Пројковски со Велешкиот театар. Во дуо драмата играат  Васил Зафирчев како осудениот  и Исидор Јованоски како џелатот,  носечките актери и во „Инферно“.

„Публиката може да очекува една многу автентична претстава. Имаме комични ситуации кои произлегуваат од апсурдот во кој се наоѓаат, снемување на струја пред  извршување на смртна казна врз професор, кому му  починува ќерката во училиште. Учителката ништо не презела, додека девојчето се здавила од бисквит, по што нејзиниот татко доаѓа и ја убива учителката. Многу оригинален третман на темата“ - рече Зафирчев.

Музиката за претставата и нејзината изведба во живо се на Сашко Костов. Пиесата „Нема струја за електричниот стол“во 2016 година ја добила наградата за современа бугарска драматургија  „Аскер“.

„Публиката ќе остане со ред прашања, кои ќе ги остави претставата. Играм просечен граѓани, кој што сериозно си работи својата работа, доста е вреден. Но по низа случувања, средствата за да ја изврши работаа му се сведува на нула.  И тука почнува неговата животна  драма“ - вели Јовановски.

Оваа претстава е  прва премиера за годинава на велешки театар

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »