Петар Печков
Објавено: вторник, 06 октомври 2026
Сабота 10 октомври, во Велес ќе се одржи проекција на два кинески филма, како дел од содржините на Неделата на Кинескиот филм во Македонија. Во Киноверзум Велес ќе се прикажат филмовите Fall Into the Mortal World и The Coffin Painter. Проекциите се бесплатни а почетокот е во 19ч.
Прв е анимираниот „Fall Into the Mortal World“ – „Пад во смртоносниот свет“. Во оваа адаптација на класичната бајка, потомците на Њу Ланг и Џи Нв продолжуваат да испишуваат нова авантура. Дваесет и осумте соѕвездија ја поседуваат моќта на ѕвездите, која може да го уништи светот.
Вториот филм е драмата „Сликарот на ковчези“ со почеток во 21.15ч Може ли една неочекувана средба да ја промени желбата за одмазда? По смртта на својот син, Џиа се повлекува во оддалечено гратче, каде што работи како сликар на ковчези и го чека денот кога човекот што го убил неговото дете ќе излезе од затвор. Но, кога во соседството се доселуваат тинејџерката Севен и нејзината мајка, меѓу нив постепено се создава неочекувана врска — приказна за тагата, добрината, простувањето и можноста повторно да се започне.
| Tweet |




