Петар Печков
Објавено: петок, 14 мај 2021
Еден нов случај на ново заразен со ковид-19 во велешко и 12 оздравени е дневниот билтен кој го објави Институтот за јавно здравје а се однесува за измиваните 24 часа. По ова бројката на активни случаи во велешко се симна на 174 лица а досега бел заразени 5.459.
Во велешка Болница се хоспитализирани 46 пациенти, 22 на Инфективно, седум на Интерно одделение и 1`7 во Модуларната Болница. Од лежечките пациенти 35 се потврдени позитивни, шест сомнителни и пет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
На кислородна поддршка се 27, од Болница испишани се четворица пациенти како оздравени со по 1 негативен тест.
Tweet |