речник контакт

Санирани се карпите под Градскиот саат, кои се одронуваа

Трајно е решен проблемот со безбедноста на пешаците и автомобилите

Петар Печков

Санирани се  карпите под Градски Саат кои се ронеа и ја загрозуваа безбедноста на минувачите и автомобилите.  Градежните работи ги извршила фирмата  ,,Гео -инг,, која еден месец работеше на санацијата.  

Санацијата се изведе  со  бетонска плоча со дебелина од 10 см, со нанесување на посебен бетон под притисок  -торкрет бетон,  кој се нанесува со специјална машина под притисок, со адитиви, по претходна монтажа на анкери и мрежеста арматура. Така трајно го решивме проблемот - објасни градоначалникот Аце Коцевски.  

Додаде дека со решавањето  повеќе нема да има одрони, со што се  зголемува безбедноста во сообраќајот, како на пешаците, така и на останатите учесници на локацијата под Градскиот саат.. Планираат така да ги решат и сличните спорни места по улица Димко Најдов, кон Долни Дуќани, каде исто така  се јавува одрон на камења, од карпите над патот. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »