Петар Печков
Објавено: недела, 08 мај 2016
Младата ученичка Сара Тодоровска од Велес е избрана за заштитно лице на поетската манифестација 53-ти „Рацинови средби“. Од 11-те девојки кои аплицирале на распишаниот конкурс „Музата на Рацин“ од повеќе средни училишта во градот, организаторот ја избрал ученичката во Гимназијата „Кочо Рацин“ .
Целта на Конкурсот „Музата на Рацин“ е современ третман на Рациновата муза како значајно обележје на неговата љубовна поезија, а воедно афирмација и промоција на младите од Велес и нивно активно вклучување во реализацијата на „Рациновите средби“ - велат од манифестацијата која по 53-ти пат ќе се одржи во среднината на наредниот месец.
Оваа новина, заштитно лице на ,,Рациновите средби,,, започна да се практикува од минатата година. Со Тодоровска ќе се реализира целокупниот рекламен материјал на манифестацијата - фотосесија, програма, плакат, билборд и видео-спот.
Tweet |