речник контакт

Сахарската прашина го загади воздухот во Велес, среде лето со екстремни вредности на ПМ 10 честички

Саботата наутро во 5ч. во Велес измерени часовни концентрации на ПМ10 честички од 465 мг/м3

Петар Печков

Саботата наутро во Велес измерени се неверојатно високи часовни концентрации на ПМ10 честички од 465 мг/м3. Оваа вредност била измерена во 5 часот. Подоцна во текот на денот мерните инструменти на Министерството за животна средина измериле високи вредности  од 329 мг/м3 и 198 мг/м3 во 11ч. Поради ова средно дневната измерена вредност на ПМ 10 честички за Велес била 113 мг/м3 што за летно време е многу висока вредност.

Анализата на податоците од другите градови во Македонија овој ден, или ден претходно, Охрид, Штип, Кавдарци, покажува исто така вредности над граничната од 50 мг/м3. Или тоа покажува дека не било инцидент во Велес, туку некаква појава која била присутна во Македонија. Екологистот Игор Смилев со објаснување на што се должат високите вредности  на ПМ 10 честичките овие денови.

„Периодот од  25 до 30 август Македонија беше под налет на прашина од Сахара. Тоа предизвика не само во Велес, туку и во други градови  зголемување на загадувањето на воздухот со ПМ10 честички.   Во Велес тоа беше случај во саботата наутро и претпладне. Честичките од прашината на Сахара ни го загадија воздухот, друго објаснување нема“ – вели Смилев.

Според стручните проценки на метеоролозите сахарската површина во Велес и над Македонија  била на височина од 3.000 до 5.000 метри. 

АНКЕТА »

Каде го минавте летово?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »