Петар Печков
Објавено: среда, 21 февруари 2018
Велешанецот кој го пронајде 12 годишното девојче пред четри месеци на улица, раскажа за настанот, кој беше обелоденет деновиве.
Станува збор за малолетничката која беше жртва на трговија со луѓе и сексуално злоставувана. Девојчето е штитеник на ЈУ за згрижување на деца со воспитно социјални проблеми 25 мај од Скопје. Т
аа во Велес била пронајдена во безсознание на 13 ноември лани. Според сведокот ја пронашол на почеток на улица Вера Цири Вири во вечерните часови.
Беше понеделник вечер околу 22 до 22,15 ч.се прибарав дома, кога на улицата во соседството забележав нешто како дете. Кога се приближив видов дека е девојче, кое не даваше знаци на живот, лежеше, не мрдаше. Минуваше и една жена па заедно се обидовме да помогнеме. Имаше слаб пулс кога ја фанав за раката. Повикавме брза помош која дојде набргу, заедно ја качивме на носилката и ја одднесоа во Болница. За настанот очекував следниот ден или наредните, информација во медиумите, стравував по нејзиниот живот, но немаше никаде никава вест - вели соговорникот.
Додава дека девојчето било облечено несоодветно за ноември месец , било босо, без чорапи и обувки, со горна тренерка. Објаснува дека дури сега по објавувањето на овој случај, заклучил кого нашол таа вечер на улица во соседството.
Од велешката полиција завчера открија дека минатата година на 13 ноември околу 22,30 ч. на детското одделение во ЈЗУ Општа Болница Велес, било пријавено дека е донесена малолетничка во безсознание. По извршените прегледи врз детето во Судска медицина Скопје, откриено е дека врз девојчето е извршен полов напад. Подоцна за сторител е идентификуван Е.Х (18 год) против кого беше поднесена и кривична пријава за ,,полов напад врз дете,, а истрагата е проширена и против други лица.
Случајот ексалираше деновиве откако се откри дека девојчето забременила па абортирала. Таа на пет годишна возраст била одземена од родителите, кои морале да одат затвор затоа што питачеле заедно со неа.
Tweet |