Петар Печков
Објавено: четврток, 27 јануари 2011
На трите новогодишни елки поставени кај ДОЗ, кај Пошта и кај Сако трејд не фалат светилки и годинава не е забележано дека некои сограѓани ги крадат. Откако минатите години тоа беше без малку појава, да се крадат светлечките тела, годинава не се повтори.
Поради ваквата состојба годинава не беше поставена елка кај кулите во Нова Населба, од каде најмногу се крадеа светилки. Затоа пак големата новогодишна елка поставена во Младинскиот парк, десетина дена по ред беше во одреден период со исклучени светилки, откако некој наши сограѓани успеваа да ја исклучат струјата.
Но ова беше веднаш забележано и регулирано. Новина е што следната година велешани можат да имаат и организран пречек на Новата година. Градоначалникот Горан петров најави дека доколку некој велешки бизнисмен сака да ја спонзорира оваа забава, тоа може да го стори, бидејќи локалната власт немала пари во висина од 50 до 100 илјади евра за таква манифестација.
Tweet |