речник контакт

Свети великомаченик Прокопиј 21 јули

Денот на св. Прокопиј се држи како тежок празник за да не го прокопа порој полето, а жените го држат празник за да им се прокопцнаи децата.

Петар Печков

Светиот великомаченик Прокопиј живеел во време на царот Диоклецијан, а тоа е време на најжестоки прогони на христијаните. Пред да стане христијанин Прокопиј се викал Неание. Татко му бил христијанин, но мајка му не била христијанка туку верувала во многу богови. И Прокопиј во младоста не бил христијанин туку многубожец, а во службата брзо напредувал и станал александриски војвода. Но еднаш за време на бура слушнал глас од небото, а кога погледнал нагоре видел крст.

Веднаш порачал да му се направи таков крст што го носел секогаш со себе. По една борба од која излегол како победник мајка му го повикала да им принесе жртва на римските богови. А кога тој одбил тоа да го направи признавајќи дека е христијанин таа го пријавила кај царот. Царот најпрвин го убедувал да се откаже од христовата вера и да му се врати на идолопоклонството, а кога Прокопиј без размислувње тоа го одбил бил затворен, мачен, а потоа исечен со меч, во 303 година во Кесарија.

Преданието раскажува дека заедно со Прокопиј биле мачени и дваесетина девојки затоа што станале христијанки. Прокопиј ги советувал да истраат во верата и во смртта да појдат со задоволство како да одат на свадбен церемонијал. Поради тоа што ги поврзал бракот со христијанската чистина Прокопиј се споменува во црквата при венчавањето.

Споменот на Светиот великомаченик Прокопиј се празнува на 21 јули, овој ден народот го смета за тежок празник и тогаш не се работи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »