речник контакт

Свети седум маченици Макавејски, почеток на Богородичен пост, 14 август

Во животот на нашиот народ макавејските денови имаат важно место. Според нив се прогнозирало времето и се планирале поважните работи.

Петар Печков

На 14 август  што се совпаѓа со  започнувањето на Богородичините пости се празнува празникот на седумте браќа, маченици од Макавејскиот род за кои пишува во Стариот Завет на Светото Писмо (Библијата). Во Библијата не се забележани нивните имиња но нив ги запеметило црковното предание и тие се: Авим, Антонин, Гуриј, Елеазар, Евсевон, Алим и Маркел.

Тие со мајка им Соломонија и татко им свештеникот Елеазар како и со други приврзаници на Мојсиевите закони страдале со маченичка смрт по наредба на сирискиот цар Антиох од едни наречен просветител, а од други безумен. Затоа што храбро ја бранеле својата вера, царот пред очите на мајка им еден по еден ги мачел, им ја дерел кожата, а потоа ги фрлал во оган. Кога тоа го направил и со последниот, тригодишниот син, мајката скокнала во оганот предаваќи му ја така душата на својот единствен Бог. Тоа се случило околу 180 години пред Христа. Светата христијанска црква го определила денот 14 август  за заеднички празник на седумте браќа Макавеи, на нивната мајка Соломонија  и на свештеникот Елеазар,  за сеќавање на нивните имиња и на нивната маченичка смрт.

Во народот празникот Макавеи се држи како тежок празник, но во некои места се смета дека овие празнични денови се шест, во други дванаесет. Во цела Македонија според тоа какво ќе биде времето во текот на овие денови  се прогнозира времето за следните шест месеци (зимскиот период) или за целата година.

Во Велешко како што забележал Д. Матов на први август ( по старо)  не се работело, се држел празник за да не им се трошат (да не им се јадат) прстите на жените при предење, а од првиот до шестиот ден во месецот ( од 14 до 19 август )  се гледало какво ќе биде времето и какви ќе биле месеците од октомври до март.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »