речник контакт

Светскиот хит филмот „Истерувачи на духови-смрзнато царство“, пред велешани (видео)

Премиера за трилер - хоророт „Cat person“ и јапонскиот цртан филм „Момчето и чапјата“. Се прикажува и најгледаниот филм во светот две седмици по ред Годзила и Конг,новото царство“

Петар Печков

Шест филмови се на репертоарот на 3Д киноверзум Велес нарeдната седмиџа, се до среда. Три од нив се премиери.

Премиера има „Истерувачи на духови-смрзнато царство“ филм кој е меѓу најгледаните во светот изминатие две седмици, откако имаше светска премиера. Кога откривањето на древен артефакт ослободува зла сила, новите и старите истерувачи на духови мора да ги здружат силите за да го заштитат својот дом и да го спасат светот од второто ледено доба.


Премиера и за хорор-трилерот „Cat person“.Кога Маргот, студентка во втора година на факултет, оди на состанок со Роберт кој е постар од неа, таа открива дека тој не одговара на Роберт со кој флертувала преку пораки.


Јапонскиот цртан филм „Момчето и чапјата“ е премиера во 3Д киноверзум. По  смртта на мајка му и повторниот брак на татко му, своеглаво момче по име Махито се впушта во свет од соништата што ги делат и живите и мртвите.


Хоророт „Првиот предзнак“  e шестиот филм од франшизата Омен и на четврто место по гледаност во светот. Млада Американка е испратена во Рим за да започне живот во служба на црквата, но наидува на темнина што ја натера да ја доведе во прашање нејзината вера и открива застрашувачки заговор.


Најгледаниот филм во светот два викенди по ред   спектаклот „Годзила и Конг,новото царство“ е трета  седмица на репертоарот на 3Д киноверзум. Двајца антички титани, Годзила и Конг, се судираат во епска битка додека луѓето го откриваат своето испреплетено потекло и поврзаноста со мистериите на Островот на черепот.


Српскиот филм „Јорговани“ за Катарина (Слобода Миќаловиќ) и Игор (Иван Босиљчиќ)  актери кои се заедно и на екранот и надвор од него. Заслепени од блесоците и оглушени од аплаузите, Катарина и Игор, иако неразделни, долго време ниту се слушнале, ниту се виделе, до доделувањето на наградите за најдобра серија на годината, каде ќе се собере целата екипа. Таму јасно се гледа и лицето и  позадината на филмската и телевизиската индустрија во Србија  ќе стане јасно дека нивните животи се поголема мелодрама од онаа што ја снимија.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »