Петар Печков
Објавено: недела, 14 јуни 2009
Најмладите велешанчиња на градот му ги подарија светските чуда, барем за еден ден.
Стоипедесет деца од градинките „Димче Мирчев“ ги изградија кривата кула од Пиза, Таџ Махал, Ајфеловата кула, Триумфалната капија, Кеопсовата пирамида, Гранд кањонот, Нијагарините водопади и поставија во Младинскиот парк.
Три месеци децата со нивните родители и воспитувачи ги градеа овие светски чуда од еколошка хартија и низ мјузикл, со песна ги доловија државите од каде градбите доаѓаат.
И покрај возраста од 5-6 години децата ги воодушевија илјадниците присутни на претставата, кои не го криеја задоволството од прекрасната забава која најмладите му ја подарија на Велес.

Tweet |