речник контакт

Светските чуда на УНЕСКО

Овие фасцинирачки чуда, изградени од човечка рака или од природата, се наоѓаат на листата на светски чуда на УНЕСКО. На листата се наоѓа стариот центар Агадеза, град во Нигерија. Неговите улици изгледаат исто како што изгледале во 15 век.

Петар Печков

Оризовите тераси на Хонгхе, Кина

Во изминатите 1300 години, народот Хани користи софистициран систем на канали за наводнување, кој води од врвот на планината Аилао, до терасите на која се одгледува ориз. Жителите на овој регион се' уште живеат во куќи со сламени покриви. 

Универзитетот Коимбра –Алта и Софија, Португалија

Овој универзитет, основан во 1290 година, некогаш имал свој сопствен суд, па со самото тоа и затвор за студенти и професори, кој се наоѓал под библиотеката. Денес во рамките на универзитетот се наоѓа катедралата Санта Круз од 12 век, кралската палата Алкасова и неколку колеџи од 16 век.

Црвениот залив, Канада

Почнувајќи од 1550 година, во ова рибарско село пристигнале 600 баскиски морнари од јужна Франција и северна Шпанија, со 15 бродови за лов на китови. Црвениот залив се наоѓа на источните брегови на Њуфаундленд. Денес на археолошкото наоѓалиште може да се видат четири едреници за лов на китови, како и многубројните коски од овој најголем морски цицач

Намибиската пустина – Песочно море

Распространета на 1920 километри долж Атлантикот, со површина од 50.000 квадратни километри, Песочното море е најстарата пустина на светот и речиси сосема ненаселена со луѓе. Густата магла, која се создава поради близината на морето, е основниот извор на вода.

Резерват на биосферата Пинакате, Мексико

Во суровиот предел на резерватот Пинакате опстанува американскиот муфлон, црноопашестиот зајак, гуштерот-чудовиште и антилопата со чаталести рогови. Во резерватот се наоѓаат десет огромни кратери во форма на речиси совршена кружница, песочни дини кои достигнуваат височина до 200 метри, како и гранитни планински масиви до 600 метри.

Ал Зубарах, Катар

Денес нафтата е најголемиот извор на приходи на Катар, но некогаш тоа биле бисерите. Утврдениот град Ал Зубарах, некогаш трговско пристаниште во кое цутела трговијата со бисери на почетокот на 17 век, денес дава поглед во секојдневниот живот на Арапите пред откривањето на нафтата.

Планината Фуџи, Јапонија

Можеби најпрепознатливиот симбол на Јапонија, овој активен вулкан, честопати покриен со снег, претставува предмет на уметничка инспирација, но и на духовен аџилак, особено меѓу будистите.

Ридскиот парк Вилхелмусе – Касел, Германија

Во паркот доминира бакарнара статуа на Херкул, а со својата убавина привлекува и Големата водена каскада со должина од 345 метри. Изградбата на паркот започнала во 1696 година, а завршен е пред 150 години подоцна. Фонтаните се снабдуваат со помош на мрежа на хидропневматски пумпи.

Историскиот центар Агадеза, Нигерија

На јужниот раб на Сахара, се наоѓа Агадез, основан во 15 век. Претставувал задолжителна станица на средновековните карвани. Градот го основале Туарезите. Впечатливот на градот му дава минарето високо 26,7 метри, направено од земја, кое е највисоката градба од својот вид на светот.

Планината Етна, Сицилија

На источниот брег на Сицилија, во близина на Месина и Катанија, се наоѓа планината Етна, која е една од најактивните вулкани на светот и воедно највисокиот (3.340 метри) активен вулкан во Европа. 

Националниот парк Тамир, Таџикистан

Населеноста на овој предел е ретка поради честите земјотреси и екстремни временски услови. Но, затоа Тамир е полн со загрозени животински видови, кои таму го нашле своето засолниште. Меѓу другите, таму живее и снежниот леопард, сибирскиот јарец, аргали (овцата „марко поло“)и козата со извиткани рогови.

Палатата Голестан -Техеран, Иран

Иако палатата Голестан е изградена во 15 век, дури 300 години подоцна семејството Каџар од неа има направено свое седиште и ги има додадено карактеристичните архитектонски работи. Се состои од осум главни палати, опкружени со градини со необично луксузни растенија. Шахот Мохамед Реза Пахлави го има уништено поголемиот дел од палатата меѓу 1925 и 1945 година за комерцијални згради.

Каесонг, Северна Кореја

Некогаш дел од Јужна Кореја, а денес во близина на демилитаризирната зона на север, Каесонг претставува остаток од некогашниот град-тврдина, кој доживеал процут меѓу 10 и 15 век,за време на династијата Корио.

Таурискиот Херсонес, Украина

Меѓу урнатините на овој древен град, кој го основале Хелените во 5 век пред новата ера, можат да се видат предмети од времето на раното христијанство, како и остатоци на населби од каменото и бронзеното време, но и тврдини од римскиот период. Ова некогаш бил регион на Црното Море, кој предничел во производството на вино.

Синџијанг Тјен Шан, Кина

Врвовите покриени со снег на пространиот планински масив Тјен Шан, еден од најголемите на светот, прават интересен контраст на високите пустини што ги опкружуваат планините. Од 2500 живи снежни леопарди, се смета дека две третини живеат во Синџијанг.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »