Петар Печков
Објавено: четврток, 31 август 2017
Завршуваат подготовките за осветувањето на црквата Св. Кирил и Методиј, во Младински парк, закажана за 10-ти септември.
Во текот на вечерашниот ден, средата, интерес кај велешани предизвикаа свештениците од велешкото Архијерејско намесништво, кои ги засукаа ракавите и ја фарбаа железната ограда. За пример на останатите сограѓани дека и свештениците умеат со четката и фарбата.
Сабота вечер, пред осветувањето е закажна уметничка приредба со настап на црквниот младински хор Св. Кирил и Методиј, оперската певица Веселинка Маџарова Андова, КУД Керамичар.
Tweet |