речник контакт

Свлечиштето Рамина

Ново разочарување на жителите на свлечиштето Рамина, откако Владата за решавање на овој проблем во наредната година, во републичкиот буџет предвидела севкупно 30 милиони денари.

Петар Печков

Ново разочарување на жителите на свлечиштето Рамина, откако Владата за решавање на овој проблем во наредната година, во републичкиот буџет  предвидела севкупно 30 милиони денари.  Тие се незадоволни поради неизвесноста, дали ќе продолжат активностите во 2007-та.

-  Кога дознавме дека за санацијата на сите свлечишта во земјава се одвоени половина милион евра, се шокиравме. Само за завршување на Рамина се потребни три пати повеќе. Имавме надеж дека конечно нашата мака некој ќеја разбере ама слух се нема - вели Милан Недев чија куќа се наоѓа во овој дел на градот. Тој апелира до пратениците од Велес да не заборават што се ветуваа и велеа за свлечиштето, па сега да се изборат догодина Рамина да се реши.

Жителите се жалат дека и покрај тоа што оваа есен нема врнежи, куќите се оштетуваат како резултат на лизгањето на земјата кое продолжува. Тоа е посебно забележливо во долниот дел, кај црквата Св.Богородица каде за половина година евидентирани се штети кај 30-тина куќи.

Тие повеќе немаат верба дека некој ќе се зафати со овој проблем   и сметаат дека попусти биле нивните апели, па се прашуваат дали треба да протестираат за да си ги добијат нивните права. Досега на Рамина државата потроши еден милон евра во првата фаза, но за конечно решавање на проблемот според изготвениот елаборат од стручни лица потребни се уште 1,5 милион евра. За комплетна санација треба да се изградат уште два потпорни ѕида и  да се отстрани подземната инсталација.

Свлечиштето се повлекува во долниот дел и регистрирани се сериозни оштетувања на нови куќи, напукнати ѕидови, скршени прозори изместени врати. Тоа е секојдневнието на овие луѓе, кое не е променето осум години, откако се активираше земјиштето.

- Не смее да има прекин  во активностите помеѓу првата и втората фаза, тоа  штетно се одразува на состојбата на теренот. Проблемот е од голема природа и ги надминува можностите за решавање од локалниот буџет но и од републичкиот. Затоа е потребно да се бара помош од странски донатори - изјави Аце Коцевски градоначалник на општина Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »